Ова се сестрите убиени во Загреб. Маја работела во салон за масажа каде и го запознала убиецот. За 8 дена требало да го прослави 35 роденден

Во злосторство какво не се памети во поновата хрватска историја, убиени се шест луѓе меѓу кои и едно 10-годишно дете. Разулавениот убиец до смрт исрешета двајца мажи, три жени и дете, додека двомесечно бебе за чудо е неповредено и згрижено. Како што неофицијално известуваат хрватските медиуми убиени се сестрите Маја и Јосипа Тојагиќ, а 10-годишното момче најверојатно било син на Маја. Меѓу убиените се и родителите на Маја, Драгомир и Фиљке Тојагиќ.
Убиецот е роден во Вуковар во 1983 година, има 36 години и се вика Игор Наѓ. Според пишувањата на хрватските медиуми, Игор со убиената Маја имал бебе, а тие двајца биле верени.

Несреќната Маја за осум дена требала да го прослави 35. роденден. Според првичните неофицијални информации, убиецот најверојатно бил момче на Маја.

Новинари на Вјести.хр разговарале со поранешна колешка на Маја. Таа со неа работела до пред 3 години.
“Маја беше добра девојка и добра колешка. Работевме во еден салон за масажа. Игор доаѓаше кај неа на масажа и така започна нивната врска. Таа беше разведена и имаше дете. За детето навистина се грижеше како вистинска мајка.
За Игор знам дека се занимавал со дрога и дека бил дилер. Маја никогаш не се жалеше од него, но тоа беше почеток на нивната врска. Не знам што се случувало во меѓувреме затоа што не бевме во контакт. Сестра и не ја познавав.
Не знам дали бебето кое преживеало е нејзиното и на Игор, затоа што таа објавуваше многу свои и фотографии од синот на Фејсбук, па се сомневам дека не би се фотографирала и со бебето. Но, тоа не можам да го тврдам со сигурност“, рекла колешката И.А., која сакала да остане анонимна.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.