Дино Мерлин е еден од најпочитуваните пејачи на нашите простори, и иако постигна голем успех во кариерата, малку се знае за неговиот приватен живот. Дино е татко на две деца кои се негова најголема гордост.
Имено, Дино Мерлин има две деца, ќерката Наида и синот Хазма, а еднаш направи исклучок и проговори за своите наследници.
Пејачот потоа истакна дека е најсреќен што не ги воспитал своите наследници да бидат арогантни, туку да живеат здрав и пристоен живот.
„Важно е да останеме луѓе“
– Важно е да се остане човек во најелементарните работи. Да речеме, многу сум среќен за мојот приватен дел, бидејќи никогаш нема да прочитате дека мојот син вози „Ламборџини“ или „Ферари“, како што се гордеат, да шмркаат… . Моите деца се учтиви, вредни – рече Мерлин за „ХРТ“, а потоа додаде:
– Мојата најголема среќа е кога ќе дојде таксист и ќе каже: „Ги знам твоите песни и сè, но твоите деца се скромни“. Е, тоа е твоето најголемо достигнување. Мило ми е што живееме пристоен живот и се солидаризираме со луѓето.
Да ве потсетиме, синот на Дино, Хамза, има 31 година, а неговата ќерка Наида е шест години постара. Таа е посветена на компјутерските науки и има меѓународна кариера. Завршила постдипломски студии на Оксфорд.
Патем, Дино Мерлин во тинејџерските денови бил лудо заљубен во девојка која го оставила за побогат маж .
The post ОВА СЕ СИНОТ И ЌЕРКАТА НА ДИНO МЕРЛИН: Тие не се појавуваат јавно, а еве што велат соседите за нив appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



