Ова се трите најчести предрасуди поврзани со мастурбацијата

Самозадоволувањето за многу жени е најсигурен, наједноставен и најлесен вид на сексуално задоволство. Меѓутоа, постојат многу стигми поврзани со оваа тема.
Речиси сите мастурбираат, но не зборуваат сите за тоа, иако мастурбацијата се смета за здрав и нормален дел на сексуалноста.
Луѓето кои се очајни, на кои им е здодевно или се преморени за секс, најчесто се поврзуваат со мастурбација како извор на инстант задоволство. Од друга страна, луѓето треба да престанат да пронаоѓаат изговори зошто мастурбираат и требаат да се соочат самите со себе.
Во продолжение, ви ги претставуваме трите најчести предрасуди поврзани со мастурбацијата.


Мастурбацијата е прифатлива за мажите
Постојат предрасуди дека женските полови органи се еден вид “машини за правење бебе”, а не и извор на сексуално задоволство. Честопати, родителите ниту училиштата не обрнуваат внимание на оваа тема и никој не разговара со младите жени за нивните органи, па затоа многумина од нив веруваат дека се “дизајнирани” да бидат помалку сексуални отколку мажите.


Мастурбацијата е лоша замена за сексуалниот однос
Општеството воглавно смета дека не сме потполни и дека треба да ја жртвуваме нашата индивидуалност кога влегуваме во однос. Но како што растеме, сфаќаме дека среќата не доаѓа од некој друг. Ние сме одговорни за исполнување на своите потреби и исполнување на своите желби.
Истовремено, се’ повеќе жени ги забораваат родовите стереотипи. Тие наоѓаат начини финансиски, емоционално и сексуално да се издржуваат, а многу жени бираат да живеат без сексуален партнер.
Не треба да мастурбирате додека сте во врска
Вистина е дека мастурбацијата е вид на соло секс, но тоа не значи дека морате да бидете сами. Статистиката покажува дека жените кои се во врска мастурбираат почесто отколку нивните партнери, и тоа особено жените со здрав сексуален живот. Времето кое го минувате сами со себе многу се разликува од времето кое сте го потрошиле со партнерот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.