Иако е многу потешко да се признае, особено кога сте во врска веќе неколку години, љубовта која изгледа вечна може да исчезне во моментот кога жената ќе престане да се чувствува пријатно во врската.
Занемарувањето и преголемите опуштања се само некои од работите што повеќето жени во врска не можат да ги преболат.
Еве три вообичаени причини зошто тие целосно се одљубуваат:
Недостаток на почитување
Секоја жена сака да се чувствува почитувана во врската. Кога не го добива потребното внимание, може да почне да се чувствува несакано и замемарено, што е сигурен пат до раскинување. Взаемното почитување е клучно за стабилна и здрава врска.
Недостаток на блискост
Интимноста не мора да е поврзана со секс. Вистинската љубовна интимност кон која се стремат жените во врската е вид на врска кога мислите како едно со вашиот партнер и се чувствувате поврзани дури и кога не сте заедно.
Поинтересна им е на другите
Кога жената ќе сфати дека другите мажи се поголеми џентлмени и се однесуваат кон неа подобро од нејзиниот партнер, тоа може да ја разниша врската. Од друга страна, жена на која партнерот ѝ доделува комплименти секој ден, воопшто нема да обрнува внимание на другите мажи.