Некои прехрамбени продукти се вистински фабрики на витамини, доколку ги вклучите во вашата исхрана помали се шансите да имате зголемен холестерол, висок крвен притисок, слаби коски или лош вид.
Експертите велат дека правилната исхрана е половина здравје, а некои прехрамбени производи се поефикасни и од лековите.
Ова се десетте најздрави производи:
Лимон- Само еден лимон има повеќе од потребите на организмот за Ц-витaмин, кој може да помогне во зголемување на добриот холестерол и јакнење на коските. Некои супстанци кои ги има во лимoнот го забавуваат растот на келиите на ракот и делуваат против воспаленија.
Брокули- една китка брокули содржи повеќе од потребната доза витамин К и скоро 200% повеќе од препорачаната дневна доза Ц-витамин. Како и лимoвот ги јакне коските и се користи како превенција од рак. Гответе ги на пареа како не би се изгубиле витамините.
Темна чоколада- Само еден грам дневно може да го снижи крвниот притисок кај здрава личност. Во прв план е богата со антиоскиданси и го намалува лошиот холестерол.
Компир- Еден црвен компир содржи 66 микрограми фолат кој помага во обновување на келиите. Компирот го јакне имунитетот и помага во согорување на мастите.
Лосос- Одличена извор на omega – 3 масните киселини кои го намалуваат ризикот од депресија, срцеви заболувања и рак. Исто така штити од Алцхајмерова болест и склероза.
Ореви- Неколку ореви за десерт му даваат на организмот со доволно omega – 3 масни киселини. Употребата на оревите во исхраната може да го намали холестеролот, да го подобри расположението и ја штити кожата од сонце, а помагаат и против несоница.
Авокадо– Богато е со масти. Содржи влакна и елементи кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.
Лук– Моќен против инфекции и може да спречи многу бактерии вклучувајќи и Ешерихија коли. Лукот го намалува нивото на холестерол и крвниот притисок.
Спанаќ– Спанаќот содржи лутен и зеаксантин, антиоксиданси кои се значајни за здравје на очите.