Мајкл Овен, напаѓачот на Стоук, најави дека по завршувањето на сезоната ќе стави крај на професионалната кариера.Овен во кариерата како играч на Ливерпул, Реал Мадрид, Њукасл, Манчестер Јунајтед и Стоук одиграл 480 натпревари на кои постигнал 222 погодоци.Со Ливерпул ги освоил трофејите во ФА купот, Лига купот, Комјунити Шилд, УЕФА купот и Супер купот на Европа, додека со Манчестер Јунајтед ја освои Премиер лигата и титулите во Комјунити Шилд и Лига купот.„Со гордост соопштувам дека по завршувањето на сезоната ќе се повлечам од професионалниот фудбал“, наведува Овен во соопштението објавено на неговата интернет страница.„Ги минав сите селекции на Ливерпул и со 17 години дебитирав за првиот тим, потоа играв за Реал, Њукасл, Манчестер Јунајтед и Стоук. Дресот на својата земја го носев на 89 натпревари. Чувствувам дека сега е вистинско време да ставам крај на кариерата“, наведува 33-годишниот напаѓач.Според него, можел само да сонува дека ќе има таква кариера и дека ништо не би постигнал без тренерите, соиграчите, навивачите и спонзорите.Мајкл Овен за англиската репрезентација на 89 натпревари постигнал 40 погодоци.
МакфаксМајкл Овен, напаѓачот на Стоук, најави дека по завршувањето на сезоната ќе стави крај на професионалната кариера.