Овие банкноти од 5 и 50 евра можат да ви донесат многу пари, еве како да ги препознаете

Меѓу банкнотите во евра што сега се во оптек има и некои примероци кои поради реткоста станаа предмет на интерес за колекционерите. Со оглед на тоа дека по откривањето брзо се земени од некој колекционер, тие банкноти се сè поретки, поради што нивната вредност е значително зголемена. Еве како да ги препознаете.
Банкнота од 5 евра
Во оптек се банкноти од 5 евра со кои можете добро да заработите. Ако имате среќа, за една банкнота можете да добиете од 20 до 100 пати поголем износ од вистинската вредност. Особено ретките серии на банкноти можат на сопствениците да им донесат прилично големи суми.
Земете ја банкнотата и внимателно погледнете ги бројките и буквите во горниот десен агол. Тие ја означуваат серијата во која е испечатена банкнотата. Ретките серии содржат пет исти броја. Ако имате таква банкнота, погрижете се таа да остане во беспрекорна состојба и може да ви донесе многу пари.


Банкнота од 50 евра
Понекогаш и печатните грешки можат да предизвикаат повеќе корист отколку штета. Имено, своевремено по грешка била испечатена серија банкноти од 50 евра и на нејзината заштитна лента била испишана вредност од 100 евра. Затоа, ако ви падне в раце банкнота од 50 евра, задолжително прегледајте ја на силна светлина и проверете која вредност е наведена на заштитната лента. Приватните колекционери со задоволство ќе ја откупат, а подготвени се да платат и 7 пати повеќе од нејзината вистинска вредност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.