Авиокомпаниите ги предупредуваат патниците да избегнуваат три клучни бои за куфери на одмор – во спротивно ризикуваат да изгубат стотици евра.
Голема британска авиокомпанија издаде предупредување за Британците кои планираат да патуваат на одмор оваа пролет. Авиокомпанијата откри кои бои на куферот треба да ги избегнувате доколку не сакате некој друг да ви го подигне багажот.
Ryanair предупредува дека купувањето куфери што не отскокнуваат од другите ги зголемува шансите вашиот багаж да се изгуби.
Тие наведуваат дека најлоши бои за багаж се црната, тегет и сивата, бидејќи тоа се најчестите бои кога се во прашање куферите и патните торби. Наместо тоа, авиокомпанијата препорачува купување куфери во повпечатливи бои.
„Полесно e да го пронајдете багажот на подвижната лента, особено ако вашиот куфер е црн, темносин или сив. Додајте шарена ознака или лента на рачката за да избегнете забуна по пристигнувањето“, рече портпаролот на компанијата.
Оваа вест доаѓа откако Economic Times објави дека црните куфери се најизгубени меѓу сите бои на багажот, пренесува The Sun.