Овие две земји се најсиромашни во Европа, но дали знаете кои од нив се најбогати?

Најбогатата држава во Европа е Луксембург, а по неа следат Ирска, Данска, Холандија, Австрија и Германија.
Албанија и Босна и Херцеговина се најсиромашните земји во Европа, според податоците објавени од страна на европската статистичка агенција Евростат минатата недела.
Агенцијата објави податоци за „вистинската индивидуална потрошувачка“ (AIC), што претставува мерка за материјалната благосостојба на домаќинствата.


Врз основа на првите првични проценки за 2019 година, пред државите да започнат со воведување мерки за заштита од COVID-19, AIC по глава на жител изразена во „стандардите за куповна моќ“ (ППС) се движеше од 59 до 135 проценти “.
Просперитетот во Западен Балкан е на многу пониско ниво. AIC во Босна и Херцеговина беше само 42 проценти од просекот на ЕУ, а само Албанија е полоша со 40 проценти од просекот. Нашата држава беше на 43% од просекот, Србија со 49%, Црна Гора на 60 и Хрватска 66%. Со други зборови, домаќинствата во Албанија и БиХ се најсиромашните во Европа.
Патем, највисоко ниво во ЕУ е забележано во Луксембург, 35% над просекот на ЕУ. Германија беше над 23 проценти над просекот, а потоа следат Австрија, Данска, Белгија, Холандија, Финска, Шведска и Франција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.