Додека коронавирусот продолжува да се шири низ целиот свет, но и во Соединетите држави, компаниите се помируваат со новата реалност кога станува збор за бизнисот, а многумина ги ревидираат своите планови да се вратат во канцелариите.
Некои вработени нема да се вратат во своите канцеларии барем најмалку до 2021 година, додека други можеби нема да го видат повторно нивниот работен простор. И не, тоа не е само заради пандемијата и стравот од инфекција, туку и затоа што компаниите штедат пари на тој начин, а на вработените им е „пофлексибилна атмосферата“.
Се започна со Facebook и Twitter, што работењето од дома го направи рамноправно, а потоа Google минатата недела објави дека нивните работници ќе работат на тој начин до следното лето.
Работа од дома засекогаш!
Важи за следниве компании: Facebook, Twitter, Square, Slack, Shopify, Zillow. Многу е можно повеќе компании да се приклучат на овој список, во зависност од тоа како се развива ситуацијата во иднина, во однос на здравството и економијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.