вторник, 24 ноември 2026
Најново

Овие компании ќе работат од дома до 2021 година или – засекогаш

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Додека коронавирусот продолжува да се шири низ целиот свет, но и во Соединетите држави, компаниите се помируваат со новата реалност кога станува збор за бизнисот, а многумина ги ревидираат своите планови да се вратат во канцелариите.

Некои вработени нема да се вратат во своите канцеларии барем најмалку до 2021 година, додека други можеби нема да го видат повторно нивниот работен простор. И не, тоа не е само заради пандемијата и стравот од инфекција, туку и затоа што компаниите штедат пари на тој начин, а на вработените им е „пофлексибилна атмосферата“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Се започна со Facebook и Twitter, што работењето од дома го направи рамноправно, а потоа Google минатата недела објави дека нивните работници ќе работат на тој начин до следното лето.

Работа од дома засекогаш!

Важи за следниве компании: Facebook, Twitter, Square, Slack, Shopify, Zillow. Многу е можно повеќе компании да се приклучат на овој список, во зависност од тоа како се развива ситуацијата во иднина, во однос на здравството и економијата.

 

Поврзани вести