Самодовербата доаѓа со годините, по многу искуства и научени лекции. Но, сите знаеме по некоја личност која се чини како никогаш да нема да ги заборави овие лоши навики.
Не знае да каже „не“ за ништо.
Зборува негативно за себе, но и за другите.
Ги игнорира мислењата од најблиските, со изговор дека тие не се важни и не се правилни.
Неодлучна е за сите нешта во животот, па и оние најмалите.
Се плаши да ги сподели своите мислења во разговорот.
Избегнува конфликти и ја насобира сета негативна енергија во себе.
Избувнува без потреба.
Се плаши од неуспех и не прави ништо.
Ги игнорира малите нешта и малите победи.
Не ги забележува убавите нешта во животот.
Се откажува лесно.
Се споредува со другите луѓе.