Овие мажи се многу попривлечни од мускулестите за жените

Сервисот за онлајн запознавање партнери Zooks направи истражување за тоа кои типови на мажи се најпривлечни, а резултатите се изненадувачки зашто мускулестите мажи испаднаа од игра, а најпосакувани се самохраните татковци.
Во истражувањето учествувале 3.051 жени кои не се во врска, а анализирани се 301.242 пораки. Заклучокот е дека дошло времето за самохраните татковци.
Повеќе од 92 отсто од жените се отворени за врска со самохрани татковци, додека 55 проценти се многу заинтересирани.
Изненадувањата не застануваат тука, зашто 86 отсто од нив речле дека им одговара облик на телото кои ги имаат овие татковци. Дури 41 проценти од жените рекле дека би им одговарале на пораките на самохраните татковци кои немаат мускули.


Ова е големо зголемување во однос на 2016. година кога 83 отсто изјавиле дека би излегле на состанок со самохран татко.
Жените веруваат дека самохраните татковци имаат чувство на одговорност за другите личности и сфаќаат дека не се центарот на светот. Исто така, се верува дека тие се понежни, потрпеливи, поодговорни од останатите мажи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.