Овие неколку работи на мажите им се допаѓаат многу повеќе од физичкиот изглед

Работите што мажите ги сакаат кај жените обично немаат врска со изгледот, големината на градникот или некоја друга стандардна работа за која мислиме дека ги привлекува. Всушност, иако физичкиот изглед е првото нешто што го забележуваме, кога мажот сака да се „смири“, обично други работи се клучни.
Слушање
Повеќето мажи ги ценат жените кои се во можност да слушаат – без реченицaта „Ти реков!“, без напаѓање, совети или коментари за тоа што би сторила таа ако била на негово место. Доволно е да седне и да го слуша, бидејќи на тој начин тој има перцепција дека таа се грижи за него.
Спонтаност
Способноста да се занесе во моментот е нешто што мажите многу го ценат кај жените. Повеќето мажи нема да пеат пред своите избранички (освен ако не се професионални пејачи), но повеќето од нив сакаат кога жената пее и танцува за нив.
Тие честопати ќе ја изненадат жената, особено ако знаат дека реакцијата на дотичната дама ќе биде позитивна и им се допаѓа кога жената се однесува „нормално“, кога е она што навистина е.
Добри возачи
Иако мажите често се жалат на женските возачи, повеќето се согласуваат дека возачките способности се императив за секоја модерна жена. Некои од нив одат уште подалеку и велат дека едноставно обожаваат жени кои се добри возачи.
Неизвештаченост
Иако „вештачките“ девојки со своите вештачки „фигури“ ќе свртат глава на многу мажи и ќе добијат еден куп бесплатни пијалоци, повеќето мажи се согласуваат дека тие не би можеле да изберат таква жена за ништо друго освен за секс без обврски.
Мажите сакаат жени кои нема да прават огромна драма околу тоа кога ќе се размачкаат со маскара, жени кои немаат вештачки гестови и извештачени фотографии. На кратко, жени кои не се срамат од себе.
Смисла за хумор
Смислата за хумор е исто така една од работите што мажите ги сакаат кај жените, а особено кај жената со која сакаат да се смират.
За мажите, жените кои имаат смисла за хумор се многу позитивни луѓе, па затоа не е изненадувачки зошто таквите жени ги привлекуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.