Овие познати милијардери годинава летуваат во Хрватска

Рускиот милијардер Роман Абрамович се врати во Хрватска. Тој го резервирал самиот крај на јули за своето пристигнување на Јадранско Море, на својата јахта „Еклипс“, која има 15 соби.
Секоја од собите има сопствена луксузно опремена бања, а јахтата поседува и сауна и велнес. Дури 70 членови на екипажот се грижат за безбедноста и уживањето на бизнисменот и на неговите гости.
Јахтата има и антиракетен систем, како и прозорци отпорни на куршуми и подморница што може да нурка до 45 метри.


Абрамович својот одмор го помина уживајќи на јахтата, а еден ден го посети и Стари град, каде што уживаше во прошетката и во вечерата во рестораните.
И пензионираниот НБА-кошаркар Меџик Џонсон годинава ја посети хрватската ривиера, конкретно прекрасниот Дубровник.
Тој плови со семејството на изнајмената мега-јахта „Аквила“, долга 85,6 метри, вредна околу 150 милиони американски долари. Покрај тоа, Џонсон ги посети водопадите Крка, Сплит, Вис и Корчула, што особено го воодушеви.


Се вративме од Хрватска и на сите им ја препорачуваме од срце! Храната беше фантастична и земјата е прекрасна“, напиша легендарниот кошаркар на Твитер кратко по напуштањето на Хрватска, а објави и фотографија од Корчула.
Вторпат на Јадранско Море се врати актерот Овен Вилсон. Ѕвездата на „Зулендер“, „Марли и јас“, „Ученици“ или „Ловци на деверуши“, Дубровник го посети и минатата година. Тогаш го снимаше филмот „Блаженство“ во Хрватска, па по престојот во Сплит продолжи понатаму на југ затоа што имаше неколку дена снимање на Лопуд, а потоа остана во Дубровник, кој го маѓепса толку многу што се врати ова лето.


Ибица, Миконос, Мајорка и Портофино годинава беа заменети со популарната пејачка Бијонсе. Таа и Џеј Зи, кои беа во Хрватска во 2009 година, одлучија оваа година да го прослават 39-от роденден на поп-дивата на Јадранот.
Со зголемено обезбедување, но и дадилки, тие крастосуваа со луксузната јахта „Лана“ низ водите на Дубровник, а потоа се упатија кон Корнати и островот Галешњак, каде што Бијонсе го прослави својот роденден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.