Болеста на бубрезите кај мачките постепено напредува, па многу сопственици не забележуваат симптоми додека состојбата не стане сериозна. Ветеринарот д-р Амир Анвари сподели апел на неговиот TikTok до сопствениците на мачки да бидат свесни за опасностите од оваа болест кај домашните миленици.
Како што тврди тој, оваа болест се влошува со секој нов симптом, а додека мачката ќе стигне до ветеринар, често не останува помош.
“Вашата мачка нема да преживее ако не реагирате на време. Ова е совет кој мора да го слушнете и да го сфатите сериозно”, рекол тој.
Некои од раните знаци на бубрежна болест кај мачките вклучуваат зголемена жед, често мокрење, губење на тежината, повраќање, летаргија и лош здив.
Кога бубрезите не можат да ги филтрираат токсините од телото, се акумулираат токсични материи, што дополнително ја влошува состојбата. Циклусот на дехидрација и слаб внес на храна може брзо да доведат до откажување на бубрезите.
Кога ќе забележите дека вашата мачка пие повеќе вода од вообичаено и почесто мокри, тоа е јасен знак дека може да има проблеми со бубрезите. Д-р Анвари тврди дека е важно веднаш да се побара ветеринарна помош бидејќи сопствениците често се свесни за промените, но не реагираат на време.
@amirthevet
By the second euthansia I almost wanted to cry . Seeing this issue so often and owners not being aware of how deadly it is has made me feel the need to post this video . Please guys if you’ve experienced kidney disease share in the comments and lets spread some awareness! #cats #catowners #learning #vet
♬ original sound – Amir Anwary
Како што болеста напредува, мачката може да одбие храна, да почне да повраќа и да се однесува како да е болна. Сето ова е резултат на акумулација на токсини во телото бидејќи бубрезите повеќе не ги филтрираат отпадните материи како што треба. Со дехидрација и слаб внес на храна, состојбата станува уште посериозна бидејќи телото почнува дополнително да ги оштетува веќе ослабените бубрези.
Д-р Анвари советува да и обезбедите на вашата мачка извор на свежа вода за да го поттикнете внесот на течности. Тој, исто така, препорачува додатоци на омега-3 масни киселини поради нивните антиинфламаторни својства, кои можат да им помогнат на бубрезите.