Вообичаено, семето ги грицкаме патем, несвесно, да го скратиме времето, да ги запослиме рацете.
Бидејќи семките се многу вкусни, и доста се изгрицкува. Но, тоа не е проблем, бидејќи семето, колку и да е вкусно, толку е и здраво.
Сончогледот ја штити кожата
Сончогледот содржи витамин Е, познати антиоксиданти, протеини, есенцијални линолни масни киселини. Овој состав е особено корисен за кожата, ја навлажнува и помага во третманот на кожни болести, како што е егзема.
Тиквата го чува видот
Омега 3 масни киселини, со кои се полни семките од тиква, го чувуваат видот, го подобруваат расположението. Друга нивна состојки е цинк, ја чува густината на коските, благотворно делуваат на простатата, а бидејќи семките од тиква се важен извор на протеини, можат да го заменат месото.
Лен за здрави нокти и коса
Кој редовно јаде ленено семе, ќе има подобра коса и нокти, поубава и поздрава кожа. Ова семе, исто така, помага против болести на срцето, ги намалува високите нивоа на холестерол и крвниот притисок. За разлика од другите семиња, кои можат да се јадат цели, лененото семе треба да се јаде мелено.