Овие 5 намирници не треба да се комбинираат со алкохол

Без разлика дали станува збор за излегување со пријателите или за семеен ручек, сите уживаме кога вкусната храна ќе ја залиеме со алкохол. Нема ништо лошо во тоа, освен кога се комбинираат намирници и алкохол кои можат да ни предизвикаат низа непријатности, од проблеми со варењето, до киселини и надуеност. Затоа, избегнувајте ги следните 5 комбинации храна и пијалаци со алкохол.
1. Грицки


Грицките нè прават жедни и нè тераат да пиеме повеќе алкохол за да ја смириме нашата жед. Наместо тоа, пијте чаша вода помеѓу пијалаците за да не навалувате на солени чипсови, сирење или ореви.
2. Леб


И лебот и пивото содржат многу квасец и кога се комбинираат може да предизвикаат надуеност. Следниот пат кога ќе пиете пиво, наместо леб, јадете ореви, зеленчук или посно месо.
3. Кафе и енергетски пијалаци
Пијалаците што содржат кофеин ни даваат погрешно чувство дека сме трезни – и кога не сме! Дури има и студии кои покажале дека луѓето кои мешаат кафе со алкохол донесуваат лоши одлуки – оние за кои подоцна жалат.
Овие 5 намирници не треба да се комбинираат со алкохол (а баш добро си одговараат!)
4. Диетални пијалаци


Постојат истражувања кои покажале дека побрзо ќе се опиете, ако пиете диетални сокови. Тоа е така бидејќи шеќерот што се наоѓа во обичните сокови ја забавува апсорпцијата на алкохолот во крвта.
5. Цитрусни овошја и сокови
Доколку не сакате проблеми со желудникот, не комбинирајте ги цитрусните сокови со алкохолни пијалаци. Исто така, избегнувајте да ставате парчиња лимон или портокал во вашиот алкохолен пијалак.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.