Овие 9 прашања ќе ја зајакнат вашата љубовна врска!

Колку и да ви е лесно после само еден состанок да најдете заедничка тема за разговор, подеднакво може да ви е тешко да го одржите комуникацискиот однос после неколку месеци или години од врската. Овие девет прашања ги препорачува брачната терапевтка Тери Орбуч и за нив тврди дека ќе го поткренат вашиот однос на едно сосема ново ниво и ќе ја подобри емоцијата во врската.
1. Ако во овој момент имаш можност да бираш место некаде низ светот, каде би сакал да бидеш и што би сакал да правиш?


Ова прашање ќе предизвика фантазија и ќе ве поттикне вас и вашиот партнер на креативност или можеби ќе ве потсети на некои стари времиња за кои вашиот партнер или вие не сте знаеле дека другата личност ги доживеала.2. Кога би добил на лотарија, каде би отпатувал и зошто?
На овој начин ќе го пробудите авантуристичкиот дух на својот партнер и постои можност спонтано да одлучи за некое забавно заедничко патување.


3. Што те поврзува или оддалечува од мeне, за време на сексот?
Разговорот за интимните односи е клучен за одржување на здрава врска и задоволство на двата партнери.
4. Што ти предизвика најголем стрес оваа недела?
На овој начин ќе дознаете што го држи буден вашиот партнер цела ноќ и со тоа му докажувате дека може да ви се довери и секогаш сте спремни да го сослушате.


5. Се сеќаваш ли кога…?
Уште едно одлично прашање за вовед во разговор за присетување на најубавите моменти кои сте ги поминале заедно и планирање на нови, возбуднили авантури.
6. Кога би можел да одбереш да работиш било што што сакаш на само една година, која работа би била таа и зошто?
На овој начин ќе дознаете за што сонувал вашиот партнер во детството или можеби за некои негови скриени желби и фантазии.


7. Како си?
Колку и да ви изгледа банално, ова прашање е исклучително важно. Кога ќе му го поставите на вашиот партнер, не го прекинувајте и гледајте го во очи, за на тој начин да на почувствува вашата поддршка, грижа и заинтересираност. Немојте да дозволите ова прашање да биде алтернативно кога не знаете што да кажете, бидејќи е навистина важно.
8. По што сакаш да останеш запаметен?
Со одговорот на ова прашање ќе дознаете како вашиот партнер се гледа себеси. Исто така ќе му испратите порака дека сакате да го запознаете уште подобро и сакате да му ја го дадете целото свое внимание.
9. Која е твојата најголема цел за десет години од сега?
Освен што ќе дознаете кои се примарните амбиции на вашиот партнер, ќе сфатите колку навистина сте компатибилни за продолжување на заеднички живот

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.