Ќе ви требаат:
12 сливи2 лажички ситно рендан ѓумбир380 г брашно350 мл јогурт150 мл масло90 г шеќер3 јајца1 прашок за пециво1/2 лажичка сол1 ванилин шеќер
Подготовка:
Измијте ги сливите, извадете им ја семката и исечете ги на коцки. Ставете го брашното, двата шеќери, прашокот за пециво, солта и ѓумбирот во сад и измешајте. Во друг сад, изматете ги јајцата, додадете го јогуртот, маслото и соединете. Истурете во смесата од состојки во прав и измешајте со шпатула. Додадете ги сливите, измешајте и истурете во калап за мафини. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20-30 минути, во зависност од рерната. Проверете со чепкалка за заби дали мафините се печени.
Пронајдете не на следниве мрежи:


