Овој апарат е најопасен додека грми, а не е мобилен телефон – професор откри на што да внимаваме најмногу

Седумгодишно момче настрада во Панчево од удар од гром, а тоа е само почеток на трагедиите кои следуваат поради невремето овие денови во Србија.
Статистиката вели дека од удар од гром страдаат 10 лица. Најмногу грмежи има во мај, јуни, јули и август – од пет до десет дена, додека грмежи во Србија за време на јануари со децении и нема.
Како да се заштитиме од грмежите? Одговор на ова прашање даде поф. д-р Владимир Ѓурѓевиќ од Физичкиот факултет во Србија.
Професорот вели дека е најважно да се засолниме од отворен простор. Најдобро е да се влезе во некој ѕидан објект. Ако куќата или зградата не ви е во близина, добро е да се остане во затворен автомобил.


Полуотворените простории, како настрешници или автобуски станици не се добро засолниште од громови. Не треба да се стои покрај електрични столбови ни високи дрва. Ако немате каде да се засолните – клекнете!
Фактот дека момчето од Панчево настрадало од гром пред куќниот праг, покажува дека не постои 100% заштита од гром.
Најдобро е да се следи временската прогноза и ако за попладнето е најавено некакво невреме, грмежи и непогоди, да не се планираат активности кои не можам да се одложат, така ќе бидеме на сигурно, односно близу некој објект во кој можеме да се сокриеме, објаснува професорот.
Спротивно од раширеното верување, сосема е безбедно да користиме мобилен телефон додека грми. Секако ако сме во затворен простор. Меѓутоа, треба да одбегнуваме и фиксни телефони.
-Во случај на удар од гром, таа енергија може да помине и низ жиците и да стигне до слушалките. Така што ако сте дома, слободно користете мобилен телефон за време на бура. Не е добро да го полните, затоа што уредот може да биде оштетен – напоменува Ѓурѓевиќ.
Гумените чевли се препорачуваат особено за оние кои работат на отворено, во полињата пример, затоа што претставуваат некој вид изолација.
Важно е да се знае дека на отворено нема апсолутна заштита.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.