Овој знак го гледаме на нашите креми, парфеми, пасти за заби во скоро сите пакувања хемикалии за домаќинства и козметика, па дури и сирупи.
Овој детаљ е многу важен и еве што всушност ни открива.
Оваа ознака ни го кажува не рокот на производот, туку „период по отворањето“. Тоа значи дека ако истече овој рок, производот не треба да го користиме дури и ако има уште рок на траење.
Рокот на траење и времето на производство се исто толку важни како и информациите за тоа колку долго, откако ќе го отвориме саканиот производ, можеме да го користиме.
Посветете внимание на пакувањето. Обично на овој знак пишува 12, 18 или 36 месеци.
Кога станува збор за парфемите, тој број е нешто поголем, бидејќи може да се користат подолго, додека кај некои креми е само број шест, што значи период од 6 месеци.
Секој вид на производ има специфичен рок на траење.По тој период, ефикасноста на производот се намалува, а во екстремни случаи, употребата на производи со истечен рок на употреба може да доведе до иритација на кожата или посериозна реакција.