Овој зеленчук е вистинска витаминска бомба

Овој зеленчук е вистинска витаминска бомба која ве чува од разни болести и го зајакнува вашето здравје.
Младиот лук можете да го јадете свеж или како додаток во храната. За што и да се одлучите, ќе го збогатите вашето тело со витамини, минерали и фитохемикалии, што го прави една од најздравите намирници.
Истражувањата покажуваат дека само едно младо лукче содржи околу 20 милиграми витамин К и 1,6 милиграми витамин Ц. Овие два наведени витамини се од клучно значење за растот, развојот и одржувањето на јачината и здравјето на коските. Ако вашата исхрана не содржи доволни количини од овие витамини, се зголемува веројатноста од развој на остепороза и зголемен процент на кршливост на коските.
Младиот лук е одличен и за здравјето на очите. Едно стебленце млад лук содржи 24 микрограми витамин А во облик на провитаминот А кој во организмот се претвора во ретинол, активен облик на витамини. Откриено е дека младиот лук ги штити очите од воспаление.
Витаминот А и Ц, кои можат да се најдат во намирниците како што е младиот лук, имаат силни антиоксидативни својства. Исхраната богата со намирниците со високо ниво на антиоксиданти се поврзува со намалувањето на ризикот од срцеви заболувања. Витаминот Ц исто така може да помогне во намалувањето на високиот крвен притисок, што, за возврат, може да го намали ризикот од срцеви заболувања.
За во целост да се доживее прекрасниот слаткаст или средно силен вкус на младиот лук, главиците треба да се цврсти и бели, а врвовите свежи и зелени. Траба да се користи веднаш или најдолго два дена по набавката бидејќи брзо ги губи нутритивните вредности.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.