Овој зеленчук лесно можете да го одгледувате дури и во најмалиот простор

Доколку отсекогаш сте сакале да имате мала градина во својот дом, а мислите дека садењето може да биде прекомплицирано, треба да знаете дека постои зеленчук кој можете да го одгледувате лесно дури и во мал простор.
Овој зеленчук лесно можете да го одгледувате дури и во најмалиот простор
1. Кромид
Исечете го кромидот кај коренот и отстранете го вишокот кромид за да ви остане само коренот. Ставете го во саксија или тегла и покријте го со земја. Кромидот извадете го откако зелените делови ќе пожолтат и ќе отпаднат.

2. Ѓумбир
Оставете го во топла вода цела вечер. Следното утро извадете го и издвојте ги деловите кои имаат израстоци. Исечете го и засадете го во земја така што израстоците да бидат свртени нагоре. Додавајте му по малку вода и чувајте го на топло место, но не директно на сончева светлина.
3. Компир
Исечете го компирот на половина и на страната на која не сте ја сечеле забодете чепкалки за заби. Потоа ставете го во чаша, така што чепкалките ќе се држат за работ на чашата, а долниот дел ќе ја допира водата. Водата менувајте ја на секои два дена и откако корените ќе достигнат должина од 10-13 сантиметри, време е да ги пресадите во почва.
4. Зелена салата
Исечете го коренот на салатата и ставете го во чаша со вода. Листовите ќе почнат да се формираат за 5-7 дена и тогаш салатата преместете ја во земја. Тргнете ги листовите кога ќе бидат долги 15-20 сантиметри.
5. Млад кромид
Исечете ги врвовите на неколку млади кромитчиња и така ставете ги во чаша со вода така што корените ќе бидат во водата. Водата менувајте ја на секои два дена и по 5-7 дена пресадете ги во земја.
Во продолжение, погледнете го видеото кое ќе ви помогне во садењето на овој зеленчук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.