Овој КОКТЕЛ со специфично име е еден од најдобрите за во лето

„Палома“ е мексиканска класика и злобна конкуренција на најпознатиот пијалак базиран на текила – Маргарита, и ако имате шише текила, лесно можете да направите еден од овие два пијалаци. Палома е пијалак кој Мексиканците едноставно го обожаваат поради различните вкусови кои се преплетуваат во секоја голтка – горчлива, слатка, солена, кисела.
Најдобро од сè е што не мора да потрошите еден куп состојки за да направите Палома. Потребни се само текила и грејпфрут, а остатокот зависи од инспирацијата. Свежо исцеден сок од грејпфрут ќе биде полн погодок во комбинација со текила и малку тоник или минерална вода, а може да додадете и исцедени лимети, како и сол за украсување на работ на чашата. Ако сакате, истријте ја чашата со парче грејпфрут и натопете ја во сол.
Ако користите сок од грејпфрут и вода, тогаш можеби ќе ви недостасува доза на сладост и во тој случај додадете сируп од агаве или едноставен сладок сируп што ќе го направите со мешање на чаша вода со чаша шеќер стопена на оган и оладена. Можете исто така да додадете свежи билки што ќе ги оставите да стојат најмалку 15 минути во свежа вода.
Потоа чувајте го сирупот во фрижидер и извадете го кога ви треба за коктели. Парчиња грејпфрут или, на пример, стебленца од рузмарин можат да се користат како украс.
Потребни состојки: 120 милилитри текила, 120 милилитри сок од грејпфрут, 50 милилитри (или по вкус) сируп од агаве, минерална вода или тоник.
Начин на подготовка: Наполнете чаша со коцки мраз, додајте ја текилата, сокот од грејпфрут и сирупот и промешајте. Потоа, додајте ја минералната вода или тоникот и послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.