Овој рецепт ќе направи чудо од вашата насмевка

Ниеден производ на ги отстранува магично дамките од кафе, цигари и газирани пијалоци од забите.
Но, овој рецепт за домашна и сосема природна паста за заби ќе направи чудо за вашата насмевка.
На сите им е познато дека пастите за заби кои се наоѓаат на пазарот содржат разноразни хемикалии кои секако немаат позитивен ефект на вашето здравје, особено ако се земе во предвид повеќегодишното користење на тие хемикалии.
Се што ви е потребно за домашната и здрава паста е следното: прашок за пециво, кокосово масло и масло од нане (може и некое друго масло како на пример од портокал).
Потребен ви е сад каде ќе ја чувате вашата паста.
Подготовка: Ставете пет лажици прашок за пециво во сад, потоа ставете четири лажици кокосово масло, на крајот ставете 10 до 15 капки масло од нане и се помешајте.
Прашокот за пециво ќе ги избели вашите заби, кокосовото масло ќе делува антибактериски, а маслото од нане ќе го освежи вашиот здив.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.