Сокот од портокал е популарен додаток на појадокот во многу делови од светот, а причините за тоа се многубројни, од лесно будење, до ефикасно снабдување на телото со бројни хранлици материи.
Исто така, важно е да го цедите сокот од свежи портокали или да изедете една до две овошки.
На тој начин на својот организам му обезбедувате:
Фолна киселина – неопходна за одржување на здрава ДНК, а кај бремените жени помага во правилен развој на плодот.
Калиум – го контролира и регулира крвниот притисок, ги прави коските цврсти и го намалува ризикот од срцев удар.
Витамин Ц – помага во зараснување на раните, ги чува непцата здрави и го подобрува имунитетот, чувајќи ве од инфекции.
Антиоксиданси – помагаат во обновување и закрепнување на телото на клеточно ниво и го штитат од хронични заболувања.
Многу е важно да се нагласи дека ова важи само за сокот од свежи портокали, но не и за неговите индустриски варијанти. Секако, ако додадете шеќер, сите овие хранливи вредности се губат