Овој тип маж е најлошиот избор за врска: Не само што тој не ги цени женските квалитети, туку е и неверен!

Според студијата на Универзитетот во Вестминстер, силните, мускулести мажи се често полоши во врските и имаат нереални очекувања од жените.

Истражувањата покажаа дека „позгодните“ мажи, со дефинирани мускули, честопати пристапуваат кон жените на секси начин и повеќе обрнуваат внимание на нивниот изглед отколку на другите квалитети.

Факт е дека на жените обично им се повеќе привлечени силните, мускулести претставници на спротивниот пол.

Кога мажот изгледа мускулест и силен, тоа зборува за неговата здрава генетика. Затоа жените, потенцијалните мајки, инстинктивно ги пирвлекува „згоден“ маж.

Истражувањето заклучи:

Мажите кои се сметаат за попривлечни од партнерката, изјавија дека не се чувствуваат задоволни во своите врски и признале дека не секогаш се поддржуваат за своите девојки или сопруги. 

Според ова истражување, атрактивните и мускулестите мажи почесто се неверни во однос на другата половина. 

Истражувачите апелираат до девојките за сериозни врски да изберат момци со понежни карактеристики на лицето, затоа што тие честопати се повнимателни и ги поддржуваат своите партнерки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.