Серија на „Аро чипс“ со вкус на пиперка во пакување од 300 грама, со рок на користење до 30 април 2023 година, се повлекува од хрватскиот пазар поради зголемено количество на штетната и канцерогена супстанца акриламид, известија хрватските власти.
Производител на чипсовите е Kanaan d.o.o. од Доњи Михољац, а на пазарот е пуштен од познатиот дистрибутивен синџир за храна „МЕТРО“, пишуваат хрватските медиуми. Чипсовите се LOT број 5745 и EAN код: 3856024703703.
Производот не е во согласност со Регулативата (ЕЗ) бр. 178/2002 за воспоставување на општите принципи и услови на законот за храна, основање на Европската агенција за безбедност на храна и воспоставување процедури во областите на безбедноста на храната и Регулатива на Комисијата (ЕУ) 2017/2158 за воспоставување мерки за ублажување на ефектите и нивоата на референца вредности за намалување на присуството на акриламид во добиточната храна.