вторник, 24 ноември 2026
Најново

Огинар: Мицковски се однесува како кукавица!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Предавството има повеќе лица под еден чадор! После она што денес го видов во однесувањето на Христијан Мицковски и неговото кукавичко одбивање да му се обрати на народот пред собранието, и покрај тоа што беше јавно прозван на микрофон неколку пати, ми останува да викнам од јад на сиот глас: “Лидерот “ е гол! “Лидерот” е гол!
Турете му пепел и нему и на партијата што ја преставува!
Ова е срамен миг и за него, и за партијата и за сета опозиција и за Македонија! Неговото место, и на тие до него, не е со народот! Тој ја заврши својата улога на колаборатор во Велепредавството на Заев и Џафери и дојде да се слика.
Го жалам секого што не го гледа тоа! Го жалам секого кој што би следел ваков “лидер”. Наивноста е опасна болест кога се работи за политика! Ако го следите овој “лидер” ќе останете засекогаш на колена, како него! Понижени од Заев, Џафери и Хунтата со која соработува вашиот безр’бетен “ лидер”!
Гордоста и достоинството како Македонци барајте го во вас и никој друг! Таму е ! Времето на “деца политичари”, “скопски манекен“и и марионети на ЕУ и НАТО помина!
Македонија на Македонцит!

Поврзани вести