Огнената стихија во Калифорнија не попушта, евакуирани уште 50.000 луѓе

Околу 50.000 луѓе вчера мораа да се евакуираат од областите северно од Сан Франциско во Калифорнија, каде се очекува силниот ветар уште повеќе да го разгори огнот што пустоши веќе неколку дена. Пожарот наречен „Кинкejд“ ја зафати винарската област во округот Сонома, во близина на Сан Франциско, од средата вечерта. Повеќе од 2.000 пожарникари, со помош на дваесетина канадери и сто противпожарни возила, се обидоа вчера да го стават пожарот под контрола.
Околу 10.300 хектари биле зафатени од пожарот во саботата наутро и само 10 проценти од пожарите биле под контрола. Пожарот проголта најмалку 49 куќи и се заканува на уште 23.500 куќи и други објекти, се наведува во најновиот извештај на противпожарната служба.
„Наредивме евакуација на околу 50.000 луѓе“, изјави шерифот на округот Сонома, Марк Есик, на прес-конференција во саботата наутро. Властите ги замолија жителите на кои им се заканува пожарот да ги напуштат своите домови во областа, во која спаѓаат и градовите Хелдбург и Виндзор, кои се на околу час и половина возење од  Сан Франциско.
Пожарникарите во Калифорнија се борат во исто време  со неколку други пожари. Стотици милји јужно, пожарот ,,Тик” е 25 проценти под  контрола и се прошири на повеќе од 1.800 хектари, соопштија пожарникарите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.