Ограбена скопската Зоолошка градина

Скопската Зоолошка градина вчера била ограбена. Крадците влегле од службениот влез кај АБЦ и украле алат и други предмети.


Од ЗОО потврдија дека имале грабеж. Пријавиле во полиција и нивна екипа излегла на увид. Очекуваат со увидот да се утврди точната штета.
Зоолошката градина за време на празниците работеше со полно работно време.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.