Огромен скок на цените на нафтата

Откако Саудиска Арабија објави дека следниот месец ќе го намали производството на нафта за половина милион барели дневно поради намалување на пазарот, цените на суровата нафта бележат драстичен пораст.
Ова е сфатено како знак дека ОПЕК на следниот состанок во декември би можела да најави координирано намалување на производството во обид да ги одржи цените.
Нафтата “брент“ од утринава скокна за речиси 2 насто, на 71,55 долар за барел, а американската лесна нафта во Њујорк скокна 1,3 насто, на малку повеќе од 61 долар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.