Огромна гледаност на СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ онлајн. Забележавме над 6000 приклучени кои сакаа уште еднаш да ја погледнат оваа култна претстава. Што е за поздравување. Сепак мораме да истакнеме дека звукот беше катастрофален, а и снимката не беше посебно добро снимена. Така што за жал изостана целосното уживање… Се надеваме дека другите претстави се попрофесионално снимени.
Подолу ја имате програмата и за наредните денови.
„Сомнително лице“, „Изгубени Германци“, „Парите се отепувачка“, „Да тргнеме Сењор“ и „Мајсторот и Маргарита“ се петте театарски претстави што Македонскиот народен театар, во перидот од 18 до 24 март, за својата публика во времево на светска пандемија бесплатно ќе ги прикаже на својот интернет канал.
Пронајдете не на следниве мрежи: