Одбегнувајте ги наутро: Ова се петте производи што не смеете да ги јадете на гладен стомак!

Појадокот е најважниот оброк, но само еден погрешен чекор може да остави негативни последици
Ова се производите што никако не треба да ги јадете за појадок.

Домати
Доматот е полн со витамини и антиоксиданти. Меѓутоа, ако го јадете само него за појадок, во комбинација со желудочната киселина може да ви предизвика силни болки во пределот на желудникот.

Цитрусни плодови
Лимонот, портокалите, грејпфрутот и мандарините се богати со витамин Ц. Меѓутоа, киселината што ја содржат може да ја нападне слузницата и да предизвика болки во устата и грлото.

Тесто со квасец
Квасецот, особено ако се консумира наутро, може да го иритира желудникот и да предизвика надуеност и дигестивни проблеми. Наутро одбегнувајте ги печивата и лиснатото тесто.

Краставици
Одбегнувајте го сировиот зеленчук како прв оброк. Гастритисот и надуеност се честа појава по консумирањето краставица на празен желудник.

Јогурт
Јогуртот е многу добар за цревната флора. Но ако го консумираме на празен желудник, тие добри бактерии ќе ја „изедат“ желудочната киселина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.