Со одлука која Владата ја донесе на седница минатиот месец од оваа година за прв пат 5 мај се одбележува како Ден на македонскиот јазик. Прогласувањето е во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија од 1945-та за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо и озаконувањето на првиот правопис со што беше стандардизиран македонскиот јазик.