Одбележување на Роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало В Недела

На 27 април, во 12 часот, во Дебар Маало, покрај спомен клупата на Горан Стефановски, ќе се прослави роденденот на еден од најзначајните македонски драматурзи – Горан Стефановски. Автор кој со своите дела ја обликуваше сцената, а преку драма – го создаваше идентитетот на народот. Неговите креации се повеќе од уметност; тие се рефлексија на општеството, глас на времето, и траен дијалог со публиката. ,,Горан имаше талент да го пренесе и болното и смешното од Балканот, да ни го осветли апсурдот на секојдневниот живот и да нè насмее — но и да нè замисли. Иако физички не е со нас, неговите ликови се дел од нашето секојдневие, неговите зборови одекнуваат во театарите, а неговиот дух опстојува — во зборовите, мислите, на сцената која никогаш нема да се гаси. Затоа велиме: Горан секогаш е тука.”
Програмата вклучува:
1. Настап на вокално-инструменталниот бенд Аудио Скопје.
2. Читање на впечатоци од:
– Саша Димитриевска,
– Мирјана Трпковска Костовска,
– Трајанка Илиева Вељиќ.
3. „Писма до Горан“ – Обраќања од најблиските:
– Семејството Стефановски,
– Пријатели од гимназиските денови,
– Жители на Дебар Маало,
– Колеги од театарската област.
4. Перформанс на улични живи статуи.
5. Пантомимски настап на Дарко Вељиќ.
6. ДЏ сет на Игор Стефановски.
Овој настан е целосно поддржан од Општина Центар како дел од Програмата за култура за 2025 година.
The post Одбележување на Роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало В Недела appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: