Британската кралица Елизабета заедно со американскиот претседател Доналд Трамп, германската канцеларка Ангела Меркел и други светски лидери присуствуваше на одбележувањето на 75 -годишнината од инвазијата Денот “Д“ за време на Втората светска војна.
На церемонијата во англискиот град Портсмут кралицата и останатите лидери им аплаудираа на ветераните кои стоеја на огромна бина по прикажувањето на филм за овој настан.
На церемонијата присуствуваа и францускиот претседател Емануел Макрон, канадскиот премиер Џастин Трудо, австралискиот премиер Скот Морисон, како и лидери и претставници на власта од други 10 земји.