Одберете порака за која сметате дека ќе и разубави денот на жената која ви е важна во животот

Меѓу овие прекрасни пораки сигурно ќе ја пронајдете вистинската. Сепак, водете сметка кому ја наменувате, за да не ја изгуби смислата, па наместо честитка да испадне навреда. И уште нешто, немојте да си дозволите да ја направите најголемата грешка-истата порака да ја испратите на сите жени кои ви значат во животот. Нека бидат и само три збора, но од срце и искрено. Затоа што нема поголема навреда од тоа сите да ги ставите во исти куп и да им го честитате празникот со една иста порака напишана на мобилен телефон. Смислата на честитката не е во тоа само да поминете по редот, туку некого навистина да израдувате.
Можеби е најдобро да се одлучите за наједноставната, а за многумина и најдрага: Среќен 8 Март!

● Многумина ќе ти посакаат брдо убави нешта, но ретко кој ќе се потруди тоа да ти го исполни! Јас ќе ти посакам само онолку колку што ти е потребно за да бидеш среќна… Среќен 8 Март!

● Да се биде жена е ужасно тешка задача, ако се има во предвид дека истата опфаќа константно соочување со мажите… Но, ти благодарам што си моја жена! Среќен ти 8 Март!

● Нека овој ден биде само твој, нека сонцето само за тебе сјае, не затоа што си жена, туку затоа што си единствена, поинаква од сите… Среќен 8 Март!

● Ти испраќам ѕвезда со најубав сјај, ти испраќам среќа без крај, ти испраќам сон исполнет со љубов и најубавите желби за денешниот ден! Среќен 8 Март!

● Твојата љубов е како искра која што го осветлува мојот свет! Најсакана, сакам да ме водиш низ целиот мој живот! Среќен 8 Март!

● Оваа порака ја пренесува сета мојата среќа и доброто расположение! Барем на момент уживај во чувството дека некој постојано мисли на тебе! Среќен 8 Март!

● Те сакам што си најубава бајка и што си родена да бидеш токму моја мајка… Среќен 8 Март!

● Нека среќата ти стане стварност, а здравјето нека биде трајност, нека љубовта твоето срце го грее и секоја исполнета желба нека ти се насмее! Среќен 8 Март!

● Те сакам затоа што си мојот живот и токму тебе ти го должам целиот мој успех, не само на овој ден, туку и на секој друг, за нас посебен! Среќен 8 Март!

● Ова е убава порака, пишувана со убави букви во еден убав ден и истата е испратена во најубавата минута, а може да ја добие само најубавата личност на овој свет! Среќен ти 8 Март убавино!

● Чувствувај се посебно, единствено, најпрекрасно… Ова е твојот ден! Среќен ти 8 Март!

● Ти благодарам што нашиот дом го правиш најпрекрасното место за живеење во светот! Среќен 8 Март моја најсакана!

● Мојот свет е прекрасен поради тебе и посакувам секој ден од остатокот од животот да го поминам сакајќи те! Среќен 8 Март!

● Да бидеш полна како брод, да ги фрлаш сите мажи на под! Ти си риба, тие се шкарт – Среќен ти 8 Март!

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.