Поранешниот министер за транспорт и врски во Владата на Никола Груевски, Миле Јанакиески и екс секретарот на владата Кирил Божиновски ќе останат во притвор. Попладнево, откако беа разгледани нивните аргументи дека не биле точни информациите дека ќе се дадат во бегство, Апелација одлучи да ги одбие нивните жалби.
Вчера, на јавна седница Јанакиески и Божиновски се бранеа дека информациите кои СЈО ги доставило до Кривичниот суд со кои барало притвор за нив, не биле точни и дека тие немале никаква намера да ја напуштат државата како нивниот поранешен шеф Никола Груевски. Јанакиески и Божиновски се обвинети во случајот „Титаник“, а по бегството на Груевски СЈО побара, а Кривичниот суд им определи 30 дневен притвор.