четврток, 26 ноември 2026
Најново

Одбиено барањето за укинување на мерката на претпазливост на Камчев

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Судија на претходна постапка го одби како неоснован предлогот на Јордан Орце Камчев за укинување на мерката на претпазливост.
-До судија на претходна постапка, кој постапува по предлог на Ј.К. од Скопје за укинување на мерки за претпазливост, од надлежниот јавен обвинител доставено е негативно мислење во однос на предлогот. Ценејќи го мислењето и сите факти и аргументи во предлогот судијата на 05.12.2019 донесе решение со кое:

Предлогот на осомниченото лице Ј.К. од Скопје, за укинување на мерката на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, определена со решение на Апелацискиот суд Скопје од 27.12.2018 година, со предлог за определување гаранција со востановување на заложно право – хипотека над недвижен имот е одбиен како неоснован, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.
Против ова решение, како што е наведено во соопштенито, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од три дена по приемот на решението.

Поврзани вести