Одбил хемотерапија, дочекал 102 години: Дедото ги надживеал и докторите – Ова е лекот

Докторите во Грција во 1976 година на овој човек му дијагностицирале неизлечлив рак на белите дробови па тој се помирил со тоа дека ќе умре. Девет различни лекари му го кажале истото, дека му останале уште шест месеци живот и дека морал да почне со агресивен третман – хемотерапија. Но тој не сакал да се лекува со тие опасни третмани, хемотерапијата ја одбил и се вратил во родното место т.е едно село во Грција.
После тоа се случило нешто неверојатно, на самиот почеток бил во депресија па по цели денови лежел во кревет, а неговата сопруга и мајка се грижеле за него. Еден ден, му се вратила желбата за живот, до душа за кратко зошто мислел дека му останало уште малку време. Започнал со активен живот. Секоја недела од сабајле се качувал на брдо каде се наоѓа грча православна црква во која неговиот дедо бил свештеник. почнале да му проаѓаат мештаните кога дознале дека се вратил во неговиот роден крај и секој ден со нив зборувал со часови со две шишиња домашно вино „ Барем ќе умрам среќен”, си помислувал.
Следниот месец од некоја причина, почнал да ја чувствува снагата. Еден ден, одлучил да насади своја градина. Не очекувал, дека толку ќе почне да работи, почнал да се буди рано и по цели денови минувал надвор на воздух. Самиот си правел ручек со зеленчукот од својата градина. Кога ќе паднела ноќта одел во локалната кафеана да игра домино до доцна во ноќта. Годините минувале, тој бил се поздрав и поздрав и така се чуствувал. Ја надоградил својата куќа со неколку соби, а годишно произведувал и до 1.5000 литри домашно вино.
По 30 години таков живот доживеал 97 години кога сфатил дека не умрел и одлучил да ги посети лекарите со своите резултати за да провери што се случило. Кога се вратил кај докторите кои му кажале дека му останале уште шест месеци живот, се зачудил бидејќи сите до еден бил мртви. Сите ги надживеал. И тоа што никогаш не отишол на хемотерапија која требало да му го продолжи животот. Само се преселил на село, овој човек починал на неверојатни 102 години. Умрел од старост, а ракот кој го споменале повеќе не постоел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.