Одвај се извлекла од депресија поради вишокот килограми

Актерката Шарлиз Терон вчеравечер се појавила на црвениот тепих во Лос Анџелес на премиерата на филмот “Tully”.

Иако таа носела долг фустан, нејзината витка линија се истакнувала во креацијата, а немало ни траг од вишокот килограми кои ги “накачила” поради новата улога.

Оскаровката овој пат поради улога се здебелила 23 килограми. Терон се хранела нездраво, јадела макарони со сирење и пиела многу газирани пијалоци, а поради сето тоа прошла низ пеколна депресија.

“За прв пат во животот не внимавав што јадам и живеев на хамбургери и компири и индустриска храна која лошо влијаеше врз мојата психа. Сакав да проживеам сè за да се внесам во ликот кој го играв и станав опседната со храна”, раскажала Шарлиз за “Entertainment Tonight”, објаснувајќи дека уживала само во првите три недели.

“Се чувствував како дете во продавница со слатки, конечно можев да јадам сè што не смеев”, изјавила актерката, додавајќи дека храната многу брзо ѝ здодеала.

Јужноафриканската актерка по “диетата” се измачила да си го врати животот во нормала.

Изјавила дека ѝ биле потребни година и пол за да се ослободи од вишокот килограми.

“Слично беше со филмот “Monster”, но знаете, телото е потполно поинакво во 27-мата и 43-тата година. Сè ми беше многу потешко, но на крајот успеав. Тоа беше голем предизвик за мене, во секоја смисла”, заклучила убавата Шарлиз.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.