Одвратно е да ги гледаш: Познатата актерка се најде со поранешното момче, а изразите на нивните лица кажуваат дека се понесреќни од било кога! (ФОТО)

Холивудската актерка Сидни Свини, која неодамна ја откажа својата свадба и ја прекина седумгодишната врска со продуцентот Џонатан Давино, овие денови повторно беше видена во негово друштво. Поранешниот пар беше фотографиран за време на заедничка прошетка и ручек во Лос Анџелес, само неколку дена по официјалното раскинување.

Како што тврдат блиски извори до двојката, Свини и Давино останале во добри и пријателски односи.

„Ова не беше обична врска. Тоа беа две личности кои живееја заедно и планираа иднина. Сè уште имаат што да расчистат. Но, Сидни сега е фокусирана на својата кариера. Добро се држи“, изјави извор за списанието „Пипл“.

Нивната неочекувана прошетка во јавност брзо се прошири на социјалните мрежи, а фановите беа шокирани што поранешните свршеници повторно се заедно. Иако Свини се обидела да се сокрие зад качулката и очилата за сонце, љубопитните минувачи сепак ја препознале. И двајцата биле облечени лежерно, но најмногу внимание привлекла нивната очигледна нерасположеност.

За време на ручекот разговарале, но според очевидци, не делувале ниту блиски, ниту весели.

Да потсетиме, Свини и Давино беа заедно од 2018 година, а се верија по четири години врска. Свадбата првично беше планирана за мај оваа година, но подоцна ја одложија. Наскоро потоа, Свини ги избриша сите заеднички фотографии со Давино од социјалните мрежи, а медиумите потврдија дека парот раскинал.

Пронајдете не на следниве мрежи: