Одговорот на Јане Ченто до Дамјан Манчевски. Дамјане, со господин секако нема да ти се обратам, бидејќи предавници на својот народ не се господа. Иако, вие се мислите за тоа.
Си го спомнал Ченто во некоја радио емисија, немој нареден пат те замолувам. Прво, колку што се сеќавам ти беше сведок на главните расправи и сведочеше за настаните од 27 април, да те потсетам што кажа тогаш. Опишавте лице околу 50-60 години, понизок од вас, што ве тепал и вие не го гледате во судницата, второ рековте дека со бокс ве удрил некој во сиви тренерки и бела маица, трето, зошто на суд не ме спомнавте мене, дека сум сакал да ве убијам, како што сега тврдите на радио?
Само да знаете, еден ден ќе дојде крај на вашите лаги, а богами може и вие ќе бидете во затвор, тоа ви го ветувам лично јас. Немој да мислиш дека ти се плашам од твоите зборови „Ќе лежи во затвор“. Да може ќе лежам во затвор, исто како што му монтиравте случај на мојот прадедо, што се борел за Македонија, исто ми монтирате и мене случај, бидејќи и јас се борам за Македонија. И ќе се борам Дамјане, без разлика дали од затвор или од слобода. Така да тоа заплашување може и да помине кај други, ама кај мене сигурно не!
Кој знае Дамјане може и ќе се сретнеме во затвор некогаш. Горд сум што низ мене тече крвта на Ченто и го имам неговиот пркосен карактер. Првиот Ченто се бореше против фашистите и победи, денес јас морам да се борам, со вас, фашисти и ќе ве победам, бидете убедени во тоа. Чентовци не клечат и не се молат туку се борат машки и достоинствено, макар тоа би значело и борба од затвор. И нареден пат те замолувам да не го спомнуваш презимето, бидејќи не си достоен за тоа!
Да живее Република Македонија!
Слобода за народот, смрт на фашизмот!
Јане Ченто