Одењето на плажа кога сте 20-годишна девојка vs. 39-годишна жена

На 39 години: Покрај децата… А да, постоиш и ти. Се соблекуваш. Нема ништо театрално во тоа, роди два пати и никогаш не ослабе.
Пристигнување на плажа на 20 години:


Доаѓаш до своето место со апостолките во раце и торбата на рамото.
Се соблекуваш со еден потег, како на спотовите.
Театрално чекориш до водата и скокаш на глава, исто како во спотовите.
Пристигнување на плажа на 39 години:
Доаѓаш до своето место, во рацете имаш 2 сета кантички и лопатки, на рамото торба која содржи два резервни костими за капење за секое дете, мускули за пливање, крема со заштитен фактор 50, кутија со овошје, бисквити, а за себе носиш само една книга и доволно ти е.

Го пресоблекуваш едното дете.
Го пресоблекуваш другото дете.
Го мачкаш едното.
Го мачкаш другото.
Му ги дуваш мускулите на едното и му ги ставаш.
Му ги дуваш мускулите на другото и му ги ставаш.
Едното е жедно.
На другото му се мочка.
На едното водата му е студена.
Другото не сака да излезе од вода.
А да, постоиш и ти. Се соблекуваш. Нема ништо театрално во тоа, роди два пати и никогаш не ослабе.
Се мачкаш себе, ако стигнеш. Ако не, во ред е, ќе преживееш.
Сфаќаш дека слободно можеше да тргнеш без онаа книга, бидејќи на првото водата му е студена, а другото отишло речиси преку глава и вика: „Мамо, види ме!“
А, денот штотуку започна…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.