Одземена документација за работењето на Ивица Коневски од страна на СЈО

СЈО влегло во Општината Аеродром. По краток увид, истражители ја одзеле сета документација водена во периодот додека градоначалник бил Ивица Коневски. Вработените на истражителите на СЈО им отстапиле деловни книги, проекти, фактури кои во картонски пакети биле изнесени од Општината. Посетата на истражителите во Аеродром била пред десетина дена.
Од СЈО не кажуваат дали подготвуваат истрага за ексградоначалникот Коневски. Од таму кусо ни рекоа дека доколку предметот е во предистражна постапка, не можат да дадат никакви детали.
Детали не кажуваат ниту од Општина Аеродром.
„СЈО неодамна со писмен допис се обрати до Општина Аеродром со барање за доставување документација. Општината ја достави бараната документација. За повеќе детали во врска со посочената документација, ве молиме да се обратите до СЈО“, изјавија од одделението за односи со јавност во Општина Аеродром.
Ивица Коневски беше градоначалник на Општина Аеродром два мандата, односно од 2009 година до 2017 година. Во негово време Општината донесе низа урбанистички планови против кои жителите на Аеродром жестоко се бунеа. Истиот е висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ со години и за време владеењето на партијата на Груевски беше цели 12 години на раководни позиции.
Во мај ПР тимот на Мицковски се пофали дека Ивица Коневски ќе го зајакне Мицковски со своето присуство. Веројатно сметајки го како придобивка тоа известување, иако познавачите знаеја дека Коневски е и пред тоа цело време во седиштето на партијата…
Истиот потоа објави фотографија после митингот на 2 јуни од дискотека со двајца многу познати ликови од партијата за кои се смета дека стојат и зад него и зад Мицковски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.