Одземени автомобили поради нелегални трки во Скопје

СВР Скопје соопшти дека ќе продолжи со интензивни контроли за спречување на незаконските активности што го загрозуваат јавниот ред и безбедноста на граѓаните во сообраќајот. Во понеделникот, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје привремено заплени четири патнички возила, вклучувајќи „мерцедес“, „ауди“, „шевролет“ и „форд мустанг“, поради учество во нелегални улични трки на булеварот Трета Македонска бригада во Скопје.
По дополнителните проверки и инспекции на станицата за технички преглед, било утврдено дека две од возилата генерираат зголемена бучава, што резултираше со нивно привремено одземање за период од 90 дена, согласно член 344 став 3 од Законот за безбедност на патниот сообраќај. Против возачите на останатите две возила се поднесени прекршочни платни налози поради откриени неправилности во техничката исправност, како и за користење неовластено поставени затемнети фолии на стаклата.
СВР Скопје ги потврди своите планови за продолжување на зголемени контроли со цел елиминација на ваквите активности, кои претставуваат опасност за јавниот ред и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
The post Одземени автомобили поради нелегални трки во Скопје appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: