Одземени од страна на судот пасошите на Лидија Димова и на нејзин поранешен соработник
Финансиската полиција поднесе кривичната пријава против Лидија Димова, Александар Гочев, Зоран Златковски и Ана Павлиду. Потоа Обвинителството покрена истрага. Се товарат од официјалните истражни органи за злоупотреба на службена положба и овластување, злоупотреба на европски фондови и несовесно работење во службата.
Мерка за претпазливост поради опасност од бегство од судот побара Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. И затоа таа беше повикана во Кривичен суд да даде свој изказ на оваа тема.
Освен Димова, пред судија на претходна постапка денеска се повикани уште двајца од четворицата обвинети за давање грантови на фризерницата Вез Трејд.
По сослушувањето Судот донесе решенија со кои го уважи предлогот да им определи мерки: oдземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница, како и обврска за јавување во судот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.