Одзивот до 20:45 часот е 50,86 проценти што е за скоро 15 проценти помалку од претходните парламентарни избори
До 20:45 часот вечерва, на гласање на денешните предвремени парламентарни избори излегле 922.678 граѓани со право на глас.
Според податоците што ги објави на прес-конференција претседателот на ДИК Оливер Деркоски, најголема излезност има во Четвртата изборна единица – 59,79 проценти, а најмала и понатаму останува Шестата изборна единица со 39,23 проценти.
Во Првата изборна единица излезноста е 52,17, во Втората е 47,97 проценти, во Третата 57,31 и во Петтата 50,16 проценти.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.